spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeЈавен секторВодовод Скопје: Перински на увид на Софиска, инвестиција од 8 милиони денари

Водовод Скопје: Перински на увид на Софиска, инвестиција од 8 милиони денари

Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински, изврши увид на работните активности за изведба на новата фекална канализација на ул. Софиска во населба Тафталиџе.

Целта на проектот е изградба на нова фекална канализација со што ќе се подобри досегашниот начин на одведување на фекалните отпадни води во оваа населба.

Со релизација на проектот за изградба на новата фекалната канализација на ул. Софиска се создаваат услови за:

– правилно приклучување на постоечките и новоизградените објекти на овој дел од улицата,

– подобрување на  условите  за непречено одведување на фекалните отпадни води,

– пренасочување на отпадните води од објектите на улиците Софиска и Женевска кон новата фекална канализација на ул.Московска.

Инвестицијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје за изведба на овој проект е околу 8.000.000,00 денари. Изградбата се реализира со употреба на полипропиленски цевки и шахти со вкупна  должина од 420 метри, кои ќе бидат приклучени  на постоечката фекална канализација на ул.Московска со дијаметар од 400мм.

Во согласност со деталните урбанистички планови, изработени од страна на општините во град Скопје, ЈП Водовод и канализација – Скопје превзема  активности  за проектирање, а потоа и за изградба на нови водоводни и канализациони линии достапни за идно одржување од страна на претпријатието, како што е примерот со улицата Софиска.

 

 

 

Извор: Водовод и Канализација – Скопје

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...