spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаРазвојот на Северна Македонија е со силна поддршка од Обединетото Кралство

Развојот на Северна Македонија е со силна поддршка од Обединетото Кралство

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска оствари средба со трговскиот пратеник за Западен Балкан на премиерот Борис Џонсон, господинот Мартин Викерс.

На средбата разговара за повеќе теми кои се од обостран економски интерес на двете пријателски земји, пришто е констатирано дека Обединетото Кралство е вториот најголем економски партнер на нашата земја.

Викерс ја потврди поддршката на Обединетото Кралство во нашите евро-интегративни процеси, но и поддршката во остварување на зелената агенда на Република Северна Македонија, посебно преку инвестициите во обновливите извори за енергија и управувањето со отпадот.

Вицепремиерот Битиќи му се заблагодари и за поддршката која нашата земја ја има од Обединетото Кралство во првата фаза од подготовката на Националната Развојна Стратегија 2021 – 2041.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...