spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаИмаме најголема подготвеност по кластери од земјите во регионот

Имаме најголема подготвеност по кластери од земјите во регионот

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денес на 31-вата седница на Комисијата за европски прашања, со единствена точка на дневен ред Извештај на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2021 година, пред пратениците и дипломатскиот кор во земјава, посочи дека оценката за вкупната подготвеност на земјава за 2021 година е 3.11, односно „добро ниво на подготвеност“.

-Подготвеноста по кластери, недвосмислено покажува дека Северна Македонија има најголема подготвеност во регионот, со средна оценка од 3,02, во областите и поглавјата од Кластерот 1 Темели, дури и во однос на земјите кои веќе преговараат за членство, Србија со средна оценка 2,68 и Црна Гора со средна оценка 2,83, рече вицепремиерот Маричиќ.

Извештајот на Комисијата дава објективен пресек на состојбите и напредокот во реформите и ги идентификува областите каде треба да се зголемат напорите и да се испорачаат повеќе резултати. Согласно анализата на Секретаријатот за европски прашања која се прави врз основа на стандардизирана Методологија и според неа земјата има исто така солидно ниво на подготвеност во Кластерот 3 Конкурентност и инклузивен раст и е на исто рамниште со Црна Гора. Истата констатација за нивото на подготвеност важи и за Кластерот 4 Зелена агенда и одржлива поврзливост, каде сме исто рангирани со Србија, која веќе го отвори овој Кластер.

-Според резултатите кои ги имаме очекувана беше и констатацијата на Комисијата во октомври минатата година кога се објави Извештајот дека „Земјата продолжува да ги исполнува условите за отворање на пристапните преговори, а властите јавно ја демонстрираат својата цврста посветеност за напредок на земјата на нејзиниот пат кон ЕУ, додаде Маричиќ.
На крајот вицепремиерот Маричиќ потенцираше дека се потполно свесни дека покрај остварените резултати земјата ја чека уште многу работа. Затоа и смета дека процесот на европска интеграција е прашање околу кое треба да имаме обединет пристап за да може поефикасно да се спроведуваат реформите.

-Темпото на реформите најмногу зависи од нашата посветеност, искрен пристап и широкиот консензус во општеството, но и во ова Собрание, кој е неопходен за да напредуваме со посакуваното темпо. Секако дека формалниот почеток на пристапните преговори ќе го обезбеди неопходниот поттик за спроведување на подлабински реформи со забрзана динамика, не само во усогласувањето со правото на ЕУ, туку и во суштинска имплементација на донесените закони, заклучи вицепремиерот за европски прашања Маричиќ.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

МОН: Конкурс за доделување на средства на домашни научни истражувачи за...

0
Врз основа на член 50 став 1 од Законот за научно-истражувачката дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и  53/16 ), член...