spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаКовачевски: Делчев е основоположник на македонската национална борба, неговите идеали ги реализираме

Ковачевски: Делчев е основоположник на македонската национална борба, неговите идеали ги реализираме

Гоце Делчев е основоположник на македонската национална борба и неговите идеали практично се реализирани со независна македонска држава во која ние денес живееме и која е членка на НАТО и на чекор е од отпочнување на преговори со ЕУ, посочи претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за Телевизија Сител.

Ковачевски истакна дека Делчев е дел од македонската химна, дека неговите мошти се во Скопје и дека неговото дело не треба да се сведува на декларации.

„Доколку ја погледнете во суштина таа Декларација, таа прави само одбележување, некаква форма на одбележување која е работа на институтот за национална историја. Втора работа, таа е направена само од политикантск и и дневно – политички причини да може опозицијата да има тема за која ќе разговара, тема со која ќе ги попречува разговорите и тема со која ќе креира атмосфера на недоверба како што ја имавме во годината што измина. Видовме дека таа декларација ниту една партија во парламентот не ја поддржа“ порача Ковачевски додавајќи дека во последниот период преку работните групи помеѓу двете влади на Северна Македонија и Бугарија, и другите институции од реалниот сектор, се гради една атмосфера на доверба меѓу двете држави и меѓу граѓаните на двете држави.

 

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

МЛС: Пелагонискиот плански регион има искуство и потенцијал за реализација на...

0
Динамиката на реализација на тековните проекти во Пелагонискиот плански регион, како и поддршката од страна на Министерството за локална самоуправа за финансирање на нови...