spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Министерот Бочварски на работна средба со Викерс - специјален...

МТВ: Министерот Бочварски на работна средба со Викерс – специјален пратеник за трговија на Велика Британија за Западен Балкан

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, оствари работна средба со специјалниот пратеник за трговија на Велика Британија за Западен Балкан, Мартин Викерс.

 

На средбата министерот Бочварски ги презентираше капиталните проекти што се реализираат во делот на железничката и патната инфраструктура, како и развојот на авиосообраќајот во земјата.

 

Посебен фокус на разговорoт се стави на изградбата на железничкиот Коридор 8, како и воведување на Интелигентен транспортен систем на патниот Коридор 10.

 

„Имав особена чест да разговараме за инфраструктураните проекти што ги реализираме во Република Северна Македонија. Оваа средба ја гледам како почеток на една нова соработка со сите заинтересирани компании од Обединетото Кралство што имаат интерес да се вклучат на јавните повици во реализација на проектите во патната и железничката инфраструктура.“ – истакна министерот Бочварски по средбата.

 

Тој изрази благодарност до пратеникот Викерс, потенцирајќи  дека ваквите средби се од голем интерес за двете земји заради поголема економска соработка.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Инспекторите за животна средина на Град Скопје пред еден час затекнаа и евидентираа во тек на исфрлање големи количини отпад, правење дива депонија и...