spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Северна Македонија е посветена на инвестирање во Здравствените реформи

МЗ: Северна Македонија е посветена на инвестирање во Здравствените реформи

Министерот за здравство, Беким Сали вчера одржа онлајн состанок со регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, д-р Ханс Клуге, на која посебно признание оддаде за континуираната поддршка од СЗО за унапредување на здравствената заштита во државата. Нашата земја покажува значително подобрување на перинаталната грижа. Во последните неколку години, благодарение на поддршката од Агенциите на Обединетите Нации – СЗО, УНФПА и УНИЦЕФ стапката на неонатална смртност се намали од 6,3 во 2019 година на 4,2 во 2020 година.

– Република Северна Македонија е посветена на понатамошно инвестирање во здравствените реформи и продолжување на напредокот постигнат претходно со цел постигнување на стандардите на ЕУ.  Би сакал да потенцирам еден добар пример на неодамнешно здравствено достигнување. Имено, нашата земја покажува значително подобрување на показателите за перинатална грижа во последните неколку години, благодарение на поддршката од СЗО благодарение на поддршката од Агенциите на ОН – СЗО, УНФПА и УНИЦЕФ – стапката на неонатална смртност се намали од 6,3 во 2019 година на 4,2 во 2020 година. Континуирано вложуваме напори за зајакнување на здравствените човечки ресурси и на другите капацитети во клучните болници на регионално ниво, посочи на состанокот министерот Сали.

Во рамки на средбата, посебен фокус беше ставен на успешното справување со пандемијата со КОВИД-19, имајќи предвид дека справувањето со вирусот претставува заеднички предизвик за сите земји, за кој е потребно единство, солидарност и партнерство.

Воедно, министерот изрази посебна благодарност на СЗО за поддршката обезбедена при спроведувањето на студиите поврзани со здравствената финансиска заштита, КОВИД – 19 и здравствената правичност, кои се од исклучително значење за државата со цел поуспешна подготовка на политики засновани на докази.

Исто така, на состанокот стана збор за планираните активности во насока на спречување на факторите на ризик за непреносливи болести и зајакнување на скринингот за незаразни болести, примарната здравствена заштита, унапредување на мајчиното и перинаталното здравје, како и менталното здравје.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте