spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Подготвителни активности за изработка на Просторен план на Република Северна...

МЖСПП: Подготвителни активности за изработка на Просторен план на Република Северна Македонија

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, го отвори информативниот состанок со директорите на осум плански региони, на кој се разговараше за подготвителните активности за изработка на Просторен план на Република Северна Македонија и визијата за просторен развој во нашата држава.

– При креирање на просторниот план на национално ниво, во предвид се земаат политиките на регионите и општините, кои во рамки на сопствените стратегии и планови ја изразуваат својата одговорност и избор во однос на промените во просторот.

Успешната комбинација на просторниот план и стратегиите за развој на национално, регионално и општинско ниво е од клучно значење, бидејќи взаемното препознавање на интересите и целите на различните нивоа на власт, ќе придонесе за избор на подобри плански решенија кои треба да се донесат на национално ниво – рече заменик министерката Оџаклиеска во своето воведно обраќање, истовремено потенцирајќи ја неопходноста од планско решение кое има широка поддршка од јавноста, особено во услови кога заштитата и развојот во државата се некомпатибилни.

На состанокот учествуваа и членовите на работната група за следење на изработка на просторен план на РСМ, претставници Секторот за просторно планирање при МЖСПП, како и претставници од Агенцијата за планирање на просторот, како изработувач на Просторниот план.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте