spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: “Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито“,...

МЖСПП: “Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито“, општина Дебрца и информација за одржување на јавна расправа

Врз основа на член 90 став 1 алинеја 3 од Законот за животна средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/2014, 44/2015 ,129/2015 , 39/2016 и 99/18) и член 4 од Правилникот за содржина на објавата на известувањето за намерата за спроведување на проект, на решението за потребата на оцена на влијанието на проектот врз животната средина, на студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина, на извештајот за соодветноста на студијата за оцена на влијанието врз животната средина и на решението со кое дава согласност или се одбива спроведувањето на проектот, како и начин на консултирање на јавноста („Службен весник на Република Македонија“ бр.33/06), Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Општина Дебрца, со седиште во село Беличишта бб, ја достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: “Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито “ во општина Дебрца.

Со проектот се предвидува враќање на р.Сатеска во нејзиното природно корито. Вкупната должина на коритото од разделната градба до вливот во Црн Дрим е 7796m и оваа должина припаѓа во две општини, општина Дебарца и општина Струга .

Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање www.moepp.gov.mk, и во општина Дебрца.

Секое лице, органите на државната управа, градоначалниците на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, можат да го достават своето мислење, во писмена форма, до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина.

Јавната расправи по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: ““Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито“, општина Дебрцаќе се одржи на

–               25 февруари 2022 година (петок), во Подрачно основно училиште во с. Волино со почеток во 11.30 часот

Контакт лица:

Управа за животна средина

Министерство за животна средина и просторно планирање

infoeko@moepp.gov.mk ,

по пошта на адреса:, плоштад Пресвета Богородица

бр.3, 1000 Скопје.

Маријан Михајлов – експерт “МАНЕКО СОЛУШНС“ ДЕК од Скопје

тел:02 6142 209, 076298297, е -маил:contact@maneko.com.mk

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...