spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Отчет за првите 100 дена

Гази Баба: Отчет за првите 100 дена

ОТЧЕТ ЗА ПРВИТЕ 100 ДЕНA

Што направивме:

Асфалтирани локални улици во должина од 2000 метри.

Тампонирани локални улици во должина од 2500 метри.

Изградени тротоари и пешачки патеки со павер елементи во должина од 1300 метри.

Ја започнавме и завршивме првата фаза фекална канализација во Страчинци, инвестиција вредна 5.173.334 денари.

Ја започнавме втората фаза на фекална канализација во Гоце Делчев, инвестиција вредна 10.603.377 денари.

Ја започнавме фекалната канализација на крак од улица Сава Михајлов во Ченто.

Во тек е изградба на пешачка патека на кејот на Вардар од Мерцедес кон Јурумлери.

Отворивме катче за учење и дружење во ООУ Стив Наумов.

Отворивме сензорна соба во ООУ Дане Крапчев.

Ја започнавме втората фаза на спортската сала во Стајковци.

Отпочната е постапка за изградба на нова спортска сала во ООУ Наум Охридски во Булачани.

Го реконструиравме кошаркарското игралиште во ООУ Григор Прличев.

Воведовме еднократна парична помош за новороденче во висина од 5000 денари.

Воведовме еднократна парична помош за првоодделенче во висина од 3000 денари.

Го решаваме водоснабдувањето во Брњарци и Раштак.

Во завршна фаза е дисперзирано одделение на општината во Стајковци.

Воведовме пренос на седниците на Советот во живо.

Направена е набавка на нова опрема и механизација на ЈКП Гази Баба 2007.

Започнавме постапка на воведување 24 часа систем за пријавување на проблеми.

Спроведовме нова постапка на пишување на буџетот “Граѓаните пишуваат буџет”.

Двојно ги зголемивме средствата за финансиска поддршка на спортските клубови и индивидуалните спортисти.

Воведовме субвенции за граѓаните за велосипеди.

Воведовме субвенции за граѓаните за електрични тротинети.

Воведовме субвенции за граѓаните за чистење на оџаци.

Воведовме субвенции за граѓаните за вградување на уреди за течен нафтен гас на автомобилите.

Ги зголемивме средствата за субвенции за инвертер клими и печки на пелети.

Донесено решение за стопирање на постапката за отворање на нов хемиски отпад во Гази Баба.

Исчистени 35 диви депонии.

Воведени попладневни еко патроли со цел санкционирање на граѓаните кои депонираат отпад на јавни површини.

Извршивме реконструкција на резервоарот за вода во Црешево по цели 25 години.

Се откажав од користење на службено општинско возило.

Се откажав од средствата во буџетот предвидени за репрезентација.

 

 

 

 

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...