spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Работна средба Алити-Лукаревска

МИОА: Работна средба Алити-Лукаревска

Продолжување на соработката меѓу МИОА и УЈП беше тема на работната средба меѓу министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

Министерот Алити и директорката Лукаревска разговараа за статусот на реализација на тековните проекти и за идните активности за унапредување на соработката меѓу двете институции.  Во фокусот беше понатамошно дигитализирање на процесите и услугите што Управата за јавни приходи ги обезбедува, во Националниот портал за е-услуги.

Соработката во иднина уште повеќе ќе се интензивира преку формирање на работни групи кои ќе работат на реализирање на предвидените цели во насока на модернизирање на администрацијата базирана на дигитализација, која ќе обезбедува квалитетни и брзи услуги за граѓаните.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте