spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Компаниите се клучни во спроведување на дуалното образование, заедно со наставниот...

МОН: Компаниите се клучни во спроведување на дуалното образование, заедно со наставниот кадар придонесуваат кон создавање на добро подготвени ученици

Интересот кај бизис секторот да учествува во спроведувањето на образовниот процес во средните стручни училишта постојано се зголемува и тоа особено ме радува, бидејќи заедничкиот пристап гарантира успех и сигурно постигнување на целта – да создадеме што поквалитетни ученички генерации. Менторите од компаниите многу им помагаат на наставниците во стручната подготовка на младите и ја подигнуваат нивната спремност за брз и успешен настап на пазарот на трудот. Така се намалува невработеноста, а тоа е општествен интерес и врвен приоритет на државата.

Ова го изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, по средбите во општините Охрид и Струга, со градоначалниците и претставниците на локалните самоуправи, бизнис секторот и претставници на средните стручни училишта, а кои се организираат како дел од дијалотот „Учи паметно, работи стручно“, во насока на креирање на уписната политика за учебната 2022-2023 година.

„Денеска во Охрид и Струга го продолживме дијалогот со кој МОН втора година по ред го унапредува средното стучно образование и ги креира уписните политики. Со компаниите, општините и училиштата дискутиравме за утврдување на потребите од одредени стручни кадри во овој регион и воведување на соодветни стручни профили во средните училишта, кои, заедно со низа други мерки и стимулации како доделување стипендии, гарантирано работно место по дипломирање и слично, би ги привлекле младите да се запишат и стручно да се образуваат“, рече Шаќири.

Радува фактот што, како што рече министерот, интересот на компаниите да се вклучат во овој процес е огромен.

„Тоа ни го потврди и прашалникот што го спроведе МОН пред да го започне дијалогот оваа година, кој го одговорија околу 400 компании. Дури 90 % од овие комапнии, се изјаснија дека подготвени да се вклучат во дуалното образование, односно да примаат ученици на пракаса во учебната 2022/23 година. Така што, бизнис заедницата е клучна во спроведувањето на концептот на дуално образование и драго ми е што сакаат да учествуваат во тоа“, истакна Шаќири.

Министерот уште еднаш посочи дека во учебната 2021/22 година, како резултат токму на дијалогот „Учи паметно, работи стручно“ од вкупно 10.683 ученици запишани во средно стручно образование, 1.400 ученици го избрале дуалното образование. Бројот на дуални паралелки беше зголемен од 11 на 97 со вклучени над 200 компании. Информираше дека помеѓу најбараните струки се машинската, електро-техничката, хемиско-технолошката, економско-правна, трговска и шумарско-дрвопреработувачкa.

„Нашите очекувања се дека за следната учебна година ќе имаме уште поголем број на компании кои ќе учествуваат во дуалното образование. Убеден сум  дека овој процес ќе вроди со плод и за 2022/23 година заедно со стопанските комори, локалните самоуправи и средните училишта ќе ги отвориме побаруваните струки во секој регион“, изјави министерот.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...