spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Министерот Сали во посета на заболените дечиња со КОВИД-19

МЗ: Министерот Сали во посета на заболените дечиња со КОВИД-19

Министерот за здравство, д-р Беким Сали беше во посета на заболените дечиња со ковид, кои придружувани од родител се хоспитализирани тука во ковид центарот на Детската болница Козле.

– Дечињата се во стабилна здравствена состојба и им посакав побрзо закрепнување и враќање во своите домови, како и безгрижна детска игра .Исто така, во рамки на посета на оваа установа, направив увид и во Центарот за цистична фиброза, каде пациентите се лекуваат според најсовремени стандарди и опрема за третман на болните од цистична фиброза – информираше министерот Сали, изразувајќи благодарност за медицинскиот персонал во оваа установа за грижата што ја пружа за пациентите во услови на пандемија.

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

МЗ: Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита

0
Информираме дека Министерството за здравство, денеска почнува национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита“. Кампањата се спроведува со поддршка од СЗО,...