spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Решени 1.077 барања од граѓани преку адресата 24@skopje.gov.mk

Град Скопје: Решени 1.077 барања од граѓани преку адресата 24@skopje.gov.mk

На електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk досега се пристигнати 1.273 барања, од кои решени се дури 1.077 проблеми. Во текот на изминатата недела најголемиот број граѓани на овој мејл пријавувале и барале да се исчистат диви депонии, да се постават заштитни столпчиња  на јавните површини и тротоарите за да се спречи непрописното паркирање,  како проблеми со улични кучиња.

На електронската адреса 24@skopje.gov.mk граѓаните можат да пријавуваат проблеми од областа на урбаното живеење, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа.

Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши сите проблеми кои ги имаат.

 

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...