spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: ­Средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со унгарскиот амбасадор Ласло Дукс

Кисела Вода: ­Средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со унгарскиот амбасадор Ласло Дукс

Градоначалникот Ѓорѓиевски денес оствари средба со унгарскиот амбасадор Н.Е. Ласло Дукс. На овој работен состанок се дискутираше за можноста за реализација на бројни проекти, пред се во насока на подобрување на економското функционирање на општина Кисела Вода. На амбасадорот и неговото економско аташе, му беа презентирани покрупните планови  од Програмата на градоначалникот кон кои може да се насочи интересот за заедничка соработка, а кои ќе ја направат општината поатрактивна за потенцијалните инвеститори.

На средбата се говореше и за унапредување на културната соработка, посебно што истата се  случи во пресрет на Националниот ден на Унгарците, 15 Март. Општина Кисела Вода, oвој голем ден за унгарскиот народ,  традиционално го одбележува заедно со Амбасадата на Унгарија во Македонија и Здружението на Унгарците во Македонија, чиј прв човек беше исто така гостин на на градоначалникот Ѓорѓиевски.

Амбасадорот Дукс ја потенцираше желбата за соработка и со градоначалникот Ѓорѓиевски договорија следен состанок, како и можност за збратимување на Општина Кисела Вода со унгарска општина која има сродни и слични потенцијали.

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте