spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииМицкоски е лицемерен, не сака ниту обединување, ниту единство

Мицкоски е лицемерен, не сака ниту обединување, ниту единство

Христијан Мицкоски е лицемерен и воопшто не е искрен, тој не сака ниту обединување, ниту единство околу ниедно прашање од национален интерес.

ВМРО-ДПМНЕ на проблемот со Бугарија единствено гледа како можност да крева тензии и го гради лажниот патриотизам за своите дневно политички потреби.

Истото се случува и со многу важни закони во Собранието. Додека ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за стандардот на граѓаните, нивните пратеници кочат и блокираат закон за повисоки плати во образованието, се противеа на раст на минималната плата и поднесуваат паушални закони за раст на пензиите.

Во време кога се решаваат последици од кризите, кога треба да се носат суштински закони за унапредување на животниот стандард на граѓаните, Мицкоски бара предвремени избори за да дополнителни ги закочи институциите со цел да ја прикрие неспособноста и неработењето на неговите градоначалници.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не работат за граѓаните и државата, тие знаат само да шират лажни вести, да блокираат закони и процеси кои се во интерес на граѓаните и државата.

Затоа повиците на Мицкоски а обединување, за единство, не се ништо друго освен уште едно ново лицемерие.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

МОН: Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

0
Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност: (Slovak National Mobility Programme). Повикот...