spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСеверна Македонија е потврден партнер во транс-атлантското и европското сојузништво

Северна Македонија е потврден партнер во транс-атлантското и европското сојузништво

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски со видео порака го сублимираше и оцени учеството на владината делегација на годинешната Минхенска безбедносна конференција која оваа година по 58 пат собра над 30-тина шефови на држави и влади и највисоки членови на влади и претставници на најугледните меѓународни организации.

Текстот од видео изјавата на премиерот Ковачевски ви го пренесуваме во ова соопштение:

На Минхенската безбедносна конференција годинава, Северна Македонија учествуваше како рамноправна членка на НАТО. Во исклучително турбулентни времиња, средбите кои ги имавме со нашите стратешки партнери беа фокусирани на предизвиците кои претстојат на полето на европската и светската безбедност.

Минхенската конференција пред сѐ, јасно ја демонстрираше целосната и силна обединетост на сите НАТО и ЕУ сојузници и партнери, и го прецизираше фокусот кон заедничко надминување на сите предизвиците поставени пред Европа, САД и светот.

На средбите со највисоките претставници на НАТО, ЕУ, Соединетите Американски Држави и со сите останати, ја потврдивме нашата определба за зачувување на безбедноста и стабилноста, како на регионот, така и во светски рамки.

Уште еднаш добивме едногласна и моќна поддршка од сите сојузници и затоа остануваме и понатаму силно посветени на евроинтеграциите, нашиот европски пат е трасиран и јасен.

Новиот пристап и енергија во разговорите со Софија беше препознаен како правилен и по него треба да продолжиме за конечно да ги надминеме разликите.

Интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија значи започнување на нова ера на економски напредок, стабилност и развој за нашите граѓани. Од овој пат не смееме да се откажеме.

На средбите уште еднаш ја потврдив нашата позиција дека Берлинскиот процес останува приоритет, а на иницијативите како што е „Отворен Балкан“ гледаме како на нов инспиративен поттик за регионалната соработка.

Горди сме на остварувањето нашата стратешка цел, целосна интеграција во НАТО и остануваме посветени на реформите и дијалогот кој ќе ни обезбеди европска иднина.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...