spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСеверна Македонија треба да ги започне преговорите за пристап во ЕУ без...

Северна Македонија треба да ги започне преговорите за пристап во ЕУ без натамошно одлагање

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во придружба на заменик на претседателот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се сретна со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

За време на разговорот премиерот Ковачевски се заблагодари за личната поддршка и посветеност на господинот Борел за остварување на нашата европска иднина со цврстиот став дека Северна Македонија треба да ги започне преговорите за пристап во ЕУ без натамошно одлагање.

Ковачевски го запозна Борел за отворениот процес за градење доверба со премиерот на Република Бугарија и со Владата во Софија, кој се одвива во позитивен дух и од кој се очекува разумна европска формула која ќе го деблокира почетокот на пристапните преговори за Република Северна Македонија.

На домашен план, истакна премиерот Ковачевски, Северна Македонија го спроведува постпандемиското економско закрепнување со силен акцент на инвестиции во зелената и дигиталната трансформација и во зајакнувањето на отпорноста на општеството со инвестиции во здравството и во социјалната поддршка за граѓаните.

Во однос на енергетската криза, рече на средбата Ковачевски, Северна Македонија има активно учество во неколку големи регионални проекти со значајна буџетска помош од ЕУ, со што земјата станува клучна алка за сигурна дистрибуција на енергенси.

Како земја која ги прифати европските вредности и политики, нагласи премиерот Ковачевски, ЕУ може да смета на соработка со нашата земја во справувањето со заедничките предизвици.

Премиерот Ковачевски го покани потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Борел да ја посети Северна Македонија.

 

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МОН: Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

0
Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност: (Slovak National Mobility Programme). Повикот...