spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБогданци: Веб страна на Проект за поврзување на локални патишта – Механизам...

Богданци: Веб страна на Проект за поврзување на локални патишта – Механизам за жалби и поплаки

Во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта финансиран со средства од Меѓународна банка за обнова и развој – Светска Банка и имплементиран од страна на Министерство за транспорт и врски, Општина Богданци аплицираше за под-проектите Реконструкција на улиците: Ѓуров Дол, Мирка Гинова, Мирче Џочков, Браќа Миладинови, Кочо Рацин, 10-ти Октомври и Крушевска во Богданци.

Согласно ова, Ве информираме дека Единицата за имплементација на Проектот за поврзување на локални патишта при Министерство за транспорт и врски доби своја официјална веб страна која е достапна за јавноста. Во рамките на веб страницата е креирана можност за користење на веќе воспоставен Механизам за жалби и поплаки, Механизам за жалби (wbprojects-mtc.mk), преку кој локалното население и сите засегнати субјекти од реализација на планираните градежни работи на територија на Општина Богданци можат да пријават жалби и поплаки од аспект на заштита на животна средина, социјални аспекти и безбедност и здравје при работа, доколку имаат потреба за тоа.

 

 

 

 

Извор: Општина Богданци 

Прочитајте

МОН: Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

0
Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност: (Slovak National Mobility Programme). Повикот...