spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Индекси на цените во земјоделството, јануари 2022 година

ДЗС: Индекси на цените во земјоделството, јануари 2022 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во јануари 2022
година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 14.9 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 4.4 %.
Во јануари 2022 година, во споредба со јануари 2021 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени
средства во земјоделството) изнесува 115.1, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во
земјоделството) изнесува 110.6.
Во делот аутпут, во јануари 2022 година, во споредба со јануари 2021 година, индексот на цените на растителното
производство изнесува 104.7, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 103.5.

 

 

 

Извор: Државен завод за статистика

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...