spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Основците преку работилници цртаат мапа на Кисела Вода по нивна...

Кисела Вода: Основците преку работилници цртаат мапа на Кисела Вода по нивна мерка

Работилници за јавни простори се одвиваат низ општинските основни училишта во Кисела Вода. ­ Здружението „Кажи кога“ во соработка со локалната самоуправа им овозможи на учениците да се запознаат со основите на концептот за обликување и трансформирање на јавните простори и да дадат свои идеи во уредувањето на општествениот простор кој е нивно соседство и го делат со останатите свои сожители.

 

По одржаната презентација од страна на архитект и социолог, преку дискусија и размена на лични мислења, минатата седмица учениците од ООУ „Круме Кепески“, а денес и основците од “Невена Георгиева Дуња” графички дизајнираа своја проекција на зададена локација.

Следејќи ги актуелните случувања во Општината и активностите кои во моментот течат за распишување на меѓународен конкурс за идеен изглед на Расадник, осмо и деветоодделенците преку своите цртежи дадоа свои идеи за содржините кои таму треба да се нудат. Интересно е што многу од тие размислувања се сосема издржани и се уште еден доказ дека и најмладите се спремни да ги идентификуваат клучните проблеми и потреби на живеењето.

Следната работилницата за јавни простори, која Здружението КАЖИ КОГА Скопје ја спроведува во рамки на проектот “Наш град”, ќе се одржи во ОУ „Партенија Зографски“ во понеделник, а потоа и во другите основни училишта во општина Кисела Вода.

 

 

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...