Заменик министерката за надворешни работи на Република Северна Македонија, Фатмире Исаки вчера оствари средба со шпанскиот амбасадор Хозе Луис Лосано Гарсија.
На средбата беше изразено заемно задоволство од високото ниво на билатерален политички дијалог меѓу Република Северна Македонија и Кралството Шпанија. Исто така, беа поздравени зголемениот интензитет на економската соработка и недвосмислената меѓусебна поддршка во различните мултилатерални формати.
Заменик Министерката Исаки потенцираше дека Шпанија е наш значаен партнер во НАТО, ЕУ и ОБСЕ и голем поддржувач за формално започнување на пристапните преговори на нашата држава со Европската унија во најскоро време.