spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Нов случај на птичји грип кај дива птица

АХВ: Нов случај на птичји грип кај дива птица

Агенцијата за храна и ветеринарство ги доби резултатите од лабораториските испитувања на Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, со кои кај мостра од дива птица – корморан, од Штипско, е потврдено присуство на болеста авијарна инфлуенца (птичји грип). За утврдување на поттипот на сој на вирусот, кој не е детектиран на фарма, туку кај дива угината  прелетна птица – корморан најдена во природата, ќе се спроведат дополнителни лабораториски испитувања.

Пријава за сомнеж на случај, АХВ доби на 18 февруари, кога од страна на ветеринарно друштво од Штип, мострата од дивата прелетна птица е доставена за лабораториско испитување во Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје. Агенцијата за храна и ветеринарство подготвува решение, со кое ќе се спроведат соодветни мерки за заштита од ширење на вирусот и негово ставање под контрола, вклучително и дополнителни прегледи на одгледувалиштата и попис на живината на фармите.

Останува апелот до одгледувачите,  бисигурносните мерки на фармите да ги подигнат на највисоко ниво и да ја следат здравствената состојба на живината. Доколку граѓаните најдат угината дива птица во природата, апелираме за тоа да го известат најблиското ветеринарно друштво или Агенцијата за храна и ветеринарство.

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....