spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПехчево: Донација од противпожарна опрема од средства собрани преку иницијативата на Глигор...

Пехчево: Донација од противпожарна опрема од средства собрани преку иницијативата на Глигор Теохаров

Во Пехчево пристигна донацијата од противпожарна опрема која е обезбедена од средствата кои што се собраа преку иницијативата на Глигор Теохаров за време на пожарите во Малешевијата. Донацијата како што инфомираше Ана Марија Теохарова е од големо значење за општина Пехчево, затоа што е обезбедена од страна на сите луѓе кои несебично помагале за време на пожарите.

-Истите тие помагаа, но и донираа, и ова е од огромна помош затоа што веќе има иницијатива за формирање на волонтерско здружение, па ова ќе биде одличен старт за нашите волонтери кои ќе бидат обезбедени со целосна опрема, рече Теохарова.

Најави дека во следниот период општина Пехчево ќе добие и противпожарно возило.

-Донацијата е обезбедена од страна на нашите пријатели од Австрија на коишто сме неизмерно благодарни за целата помош, особено на Маркус Еберхарт, чија што иницијатива и идеја дојде до реализација. Сепак во секое зло, има нешто и добро, а тоа е нашето пријателство коешто продолжува. Среќни сме што ќе бидеме нивни домаќини повторно.

Опремата денес во Пехчево ја додели организацијата Армор од Скопје.

– По големите пожари во Пехчево и Берово стапивме во контакт со г-динот Глигор Теохаров кој од нас побара помош и поддршка во смисла на технички средства. Заеднички успеавме да изреализираме нешто, значи да обезбедиме униформи за пожарникари, за идните доброволни пожарникари за шумски и урбани пожари комплетна униформа и дел дишни апарати, чизми, шлемови сето она што ќе им користи во иднина за спасување и заштита на имот и лица, рече Претставникот на оваа организација, Даниела Ќурчиева.

 

Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански упати голема благодарност до својот сограѓанин Глигор Теохаров на чија иницијатива беше отворена донаторска сметка за собирање на средства за справување со пожарот.

-Сите знаеме дека во летниот период нашата општина беше зафатена од големи пожари и по негова иницијатива како што рече неговата сестра беше отворена донаторска сметка за собирање на средства за справување со пожарот. Поради Ковид мерките што беа и забавениот транспорт, еве ја имам таа чест како градоначалник да ја примам оваа донација во соработка со фирмата “Пастор” од Скопје со кои Глигор беше во контакт да му помогнат околу донацијата и тука можам слободно да изразам уште еднаш голема благодарност до Глигор и неговата фамилија и до фирмата “Пастор” која не себично помогна во донација на комбилизони за урбан и шумски пожар.

Од наше име и како градоначалник на Општина Пехчево сум многу благодарен и ни се добредојдени во овие услови. Сепак ќе кажам на крај добро е да ги имаме ама да не дојде ред да ги користиме, рече Китански.

Китански упати благодарност и за донациијата од ново противпожарно возило кое наскоро ќе пристигне во Пехчево.

– Во текот на наредните месеци, во пролетниот дел најавено е и ново противпожарно возило. Тоа е донација од Австриската противпожарна бригада која учествуваше во гаснењето на пожарите во Пехчево. Од сите граѓани на Пехчево и од мое име упатувам искрена благодарност до сите Противпожарни друштва во Словенија и Австрија.

 

 

 

Извор: Општина Пехчево

Прочитајте

МОН: Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

0
Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност: (Slovak National Mobility Programme). Повикот...