spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Лукаревска во посета на Даночен обврзник, корисник на економските мерки

УЈП: Лукаревска во посета на Даночен обврзник, корисник на економските мерки

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска вчера го посети даночниот обврзник КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ БТ ДООЕЛ Битола чија основна дејност е производство на електрична и електронска опрема за моторни возила.

Директорката истакна дека овој обврзник ја користи мерката за субвенционирање на придонеси заради зголемување на плати за 4476 вработени, а ги користел и економските мерки кои ги донесе Владата за справување со кризата предизвикана од Ковид 19, односно финансиска поддршка за исплата на плати за април, мај и јуни каде државата ги помогнала со 73, 5 милиони денари и за месеците октомври, ноември и декември со поддршка од државата во износ од 206,6 милиони денари за исплата на плати на вработените.

Соработката и поддршката што си ја даваат државата и бизнис секторот е неминовна за заедничко надминување на кризните состојби ,но и за заедничко споделување на успесите- истакна Лукаревска на денешната средба со раководниот тим на компанијата.
Директорката на крај им посака уште поголеми успеси во нивните нови предизвици и нови проекти.

 

 

Извор: Управа за јавни приходи 

Прочитајте