spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

АПЈ: Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

По повод 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во просториите на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ се одржа тркалезна маса на тема „Мајчиниот јазик – цивилизациска придобивка или демократска бариера на XXI век“.
Директорот на АПЈ, Илбер Села, ја отвори тркалезната маса со свое излагање пред присутните гости, панелисти и претставници на медиумите. „Јазикот претставува вродена биолошка способност, но изучувањето на истиот е процес кој трае цел животен век. Тој е непресушен извор кој тече и кој треба да се негува, да се надоградува и да се внимава на неговата чистота. Мајчиниот јазик не само што ја симболизира посебноста на еден народ, на една култура, на една историја, туку служи и за да ги обедини луѓето и културно да ги поврзе генерациите кои ги градат цивилизациските вредности во општеството“, рече во своето излагање директорот Села.
Во продолжение од своето излагање директорот Села истакна дека на овој значаен датум го изразуваме нашето почитување и кон албанскиот јазик, како службен јазик на институционално ниво и мајчин јазик на голем број граѓани во нашата држава, и дека мајчиниот јазик и неговата непречена употреба претставува фундаментално право на секоја индивидуа загарантирано со бројни меѓународни акти.
На тркалезната маса свое излагање имаа и Љуљзим Алиу, заменик-министер за образование и наука; Џелал Хоџиќ, заменик-директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците; Џеладин Мурати, педагог и поранешен универзитетски професор; Бегзат Балиу од Универзитетот „Хасан Приштина” од Приштина, Република Косово; Мањола Љумани од Универзитетот „Александер Моисиу” од Драч, Република Албанија; Сејди Гаши од Албанолошкиот институт од Приштина, Република Косово; Ајтен Хајдари-Ќамили од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, како и Лилјана Пандева од Агенцијата за примена на јазикот на РСМ.

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...