spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГостивар: Известување за Данок на имот

Гостивар: Известување за Данок на имот

Согласно законските измени на Законот за даноците на имот (Сл.весник на РСМ 61/04 …151/21) Општина Гостивар, ги известува сите физички , правни лица, државата и општините, кои поседуваат недвижен имот на територијата на општината, за следното:

да ги пријават непријавените имотите кои се во нивна сопственост, со доставување на даночна пријава за утврдување на данок на имот;

за дополнителните недвижни имоти ( куќи, станови, деловни простории, освен становите/ куќите во кои живеат согласно личната карта) кои ги имаат во сопственост да ги достават сите докази кои ги поседуваат, дали истите ги користат повеќе од 6 месеци во текот на годината или ги издаваат под закуп;

за земјоделските земјишта кои се користат за земјоделско производство да достават Решение за запишување на земјоделско стопанство во единствениот регистар на земјоделски стопанства.

Погоренаведените докази потребно е да се достават најдоцна до 28.02.2022 год.

Во спротивно за имотите кои ги поседуваат а немаат доказ дека ги користат повеќе од 6 месеци во текот на годината или дека ги издаваат под закуп, ќе бидат задолжени со три пати повисока стапка од пропишаните стапки.
За дополнителните имоти кои ги поседуваат и не ги користат повеќе од 6 месеци во текот на годината, или не ги издаваат под закуп а не пријават дека не ги користат или дека не ги издаваат под закуп, ќе бидат задолжени за данок на имот со пет пати повисока стапка од пропишаните стапки.
За земјоделското земјиште кое го поседуваат а не достават докази дека го обработуваат, го користат за земјоделско производство , ќе бидат задолжени за данок на имот со три пати повисока стапка од пропишаните стапки.

Општина Гостивар
Одделение за даноци,такси,
надоместоци и други приходи
на општината

 

 

 

 

Извор: Општина Гостивар 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...