spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКавадарци: Иницијативата за спас на Тиквешко езеро

Кавадарци: Иницијативата за спас на Тиквешко езеро

Во просториите на Локалната самоуправа се одржа состанок по повод иницијативата Спас за Тиквешко езеро, поднесена и предложена од градоначалникот Митко Јанчев.

На состанокот присуствуваа пратениците од Кавадарци, Иницијативен одбор за спас на Тиквешко езеро, стручни служби во Општина Кавадарци, Еко живот, ОРЛЕ.

Свое излагање имаше и професорот Томе Лисичанец кој што меѓу другото зборуваше и за заштитената зона Тиквешко езеро, како и за неговите убавини. Туристичкото езеро пред се е направено за наводнување и за таа цел е направена на каналска мрежа. Треба да се има во предвид и значењето на слатките води вклучувајки го и Тиквешкото езеро во производство на храната. Имајки во предвид дека 40% од територијата на Општина Кавадарци е степа до полупустина, во такви услови да се остави Тиквешкото езеро на случајност е кратковидност со големи размери.

Овие заклучоци се донесени:

1. Пратениците од Општина Кавадарци во Парламентот на Македонија, да го актуелизираат прашањето за состојбата и опстанокот со ,,Тиквешко езеро,, пред соодветнaта комисија за европски прашања и заживотна средина во Републичкиот Парламентот и да иницира средба со Премиерот и Министерот за животна средина.

2. Здружението за заштита и унапредување на животната средина ,,ЕКО ЖИВОТ“-заедно со овластен инспектор за животна средина-Доне Илов, да изработат елаборат за влијанието на водостојот на езерото врз животната средина, минималниот биолошки опстанок на езерот и околината на Тиквешкото езеро.

3. Општина Кавадарци-Секторот за комунално уредување, урбанизам, заштита на животна средина, сообракај Раководител-Драгослав Симоновиќ, да изработи елаборат за влијанието на водостојот на Тиквешкото езеро, во однос на заштитата на манастирите, црквите покрај езерото, и имотната состојба на објекти околу езерото со вредност на истите.

4. Здружение на Планинарско спортско друштво ,,Орле„ заедно со советникот за заштита и спречување од загадување на водата, земјиштето и заштита на природата- Зоран Младеновски да изработи елаборат во делот на спелеологијата и хидрологијата со кој што ќе се елаборира за заштитата на пештерскиот туризам, манастирскиот и црковен имот, во однос на нискиот водостој на ,,Тиквешко езеро,, .

5. Иницијативниот одбор да изработи елаборат во делот на влијанието од намалување на водостојот врз микроклимата на ,,Тиквешко езеро,, и стопанисувањето со истото. да изработат елаборат за влијанието на водостојот на ,,Тиквешко езеро,, врз издадените концесии за стопанисување со рибниот фонд во истото и целокупната аквакултура.

6. Советникот за заштита и спречување од загадување на водата, земјиштето и заштита на природата-Зоран Младеновски, да подготви елаборат за присуството на тешки метали во квалитетот на водата во ,,Тиквешко езеро,, и влијанието на истото во прозводството на земјоделски производи и квалитетот на храната, имајќи ја во предвид примарната намена на Тиквешкото езеро и направената каналска мрежа за наводнување на земјоделските површини;

7. Комисијата утврди дека горенаведените елаборати по однос на опстанокот на ,,Тиквешко езеро,, треба да се подготват најдоцна до 15.02.2022 година.

 

 

 

 

 

 

Извор: Општина Кавадарци 

Прочитајте