spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Заедничка цел е максимално користење на ИПА фондовите

МЛС: Заедничка цел е максимално користење на ИПА фондовите

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и министерот за регионален развој на Република Косово, Фикрим Дамка, денеска се сретнаа во Клубот на пратеници, во знак на соработката меѓу двете министерства во спроведувањето на проекти за регионален развој и за споделување на искуства во функција на зајакнување на административните капацитети.

„Министерството за локална самоуправа е одговорно за следење и подобрување на системот на локалната самоуправа, како и за спроведување на ИПА Програмата за прекугранична соработка со сите соседни држави, вклучително и со Република Косово”, посочи Милевски.

Тој појасни дека Северна Македонија поради големите развојни разлики меѓу одделни делови, со Закон има воспоставено 8 плански региони и досега само со Косово имаме имплементирано вкупно 20 проекти во вкупна вредност од 7.4 милиони евра, меѓу кои и стратешкиот проект, граничниот премин Белановце-Станчич.

„Она што е важно за оваа програма е дека подготвуваме нов, последен јавен повик кој треба да биде објавен за околу еден месец, во вредност од околу 3 милиони евра. Очекуваме голем број партнерства и апликации од двете земји со проектни предлози во областа на заштитата на животната средина, на културното наследство и за развој на туризмот. Целта е да работиме на зајакнување на нашите административни капацитети за побрз развој на регионот со максимално користење на средствата од ИПА инструментот на Европската Унија. Нашите две држави, општините, граѓанските организации и институциите имаме воспоставено одлична соработка во спроведувањето на ИПА Проектите за прекугранична соработка уште од 2010 година”, истанка Милевски.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...