spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Како лидер за ИПАРД во регионот споделува искуство на вработените од...

АФПЗРР: Како лидер за ИПАРД во регионот споделува искуство на вработените од Платежната Агенција на Албанија

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска и утре е домаќин на претставници на Агенцијата за земјоделство и рурален развој од Албанија. Заменик директорот на АФПЗРР, Ремзи Абулахи, на состанокот истакна дека преку обезбедување на меѓусебната соработка, двете институции и двете земји, заемно си помагаат. Целта како што рече Абдулахи, е развој и јакнење на административната структура и капацитети, како и зголемена апсорпција на средства од ИПАРД програмата.

 

 

„Република Северна Македонија преку АФПЗРР, веќе долго време успешно ја реализира ИПАРД програмата. Доказ дека институцијата ги користи сите расположиви капацитети за успешна имлементација на проекти финансисирани од ИПАРД, е и целосното искористување на расположливиот Буџет, кој беше одобрен од ЕУ за ИПАРД 2 програмата. Како држава, веќе две години по ред немаме кратење на првично утврдениот финансиски план. Потврда дека успешно ја спроведуваме оваа програма е и дисеминацијата на знаење на земјите од соседството кои го користат ИПАРД. Оваа и сите други посети се потврда дека Македонија има важна, лидерска улога во имплементацијата на ИПАРД програмата. “ – истакна заменик директорот Ремзи Абдулахи.

 

 

 

Вработените од Платежната Агенција на Република Северна Македонија во овие два дена ќе ги пренесат знаењата, искуствата, процесот на работа и подготовка на проектите од ИПАРД програмата. Поконкретно, ќе се споделат искуствата околу надлежностите и начинот на обработка на проектите при обезбедување на референтни цени за сите ставки кои се предмет на инвестициите во барањата за финансиска поддршка преку проектите од ИПАРД 2.

 

 

Исто така, вработените од двете Агенции ќе разменат искуства околу комуникацијата со правните лица кои се јавуваат како добавувачи на ИПАРД проектите и преку кои се обезбедуваат информации за цените кои се понудени во предложените проекти. На оваа дводневна работилница ќе се споделат и методологиите за оформување на референтни цени, а ќе се запознаат и со процедурите од аплицирање, преку обработка на барањата за ИПАРД па се до потпишување на догори и исплатата на финансиската поддршка.

 

 

Со помош на средствата од ИПАРД програмата, земјите од регионот ги јакнат секторите земјоделство а паралелно се развиваат, модернизираат микро и макро претпријатијата со што примарното производство добива додадена вредност.

 

 

 

 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

Прочитајте