spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕ: Зголемувањето на економската соработка со Чешка е наш приоритет

МЕ: Зголемувањето на економската соработка со Чешка е наш приоритет

Министерот за економија Крешник Бектеши оствари средба со Јарослав Лудва, новоименуван амбасадор на Чешката Република во Северна Македонија.

Министерот Бектеши му посака успешен мандат на амбасадорот Лудва и изрази надеж за продолжување на одличната соработка помеѓу двете земји.На средбата беше констатирано дека има има позитивен развој на билатералните односи помеѓу двете држави, за што се констатирани и можности за натамошно унапредување.

Во таа насока министерот Бектеши ја нагласи важноста од продолжување и интензивирање на заемната соработка на сите полиња, особено зајакнувањето на билатералната трговија и зголемувањето на чешките инвестиции во земјата.

Министерот бектеши нотираше дека Чешката Република е значаен трговски партнер на нашата држава, во 2018 и 2019 година се наоѓа на 19-то место со кои Република Северна Македонија остварува најголем обем на трговска размена, на 18-то место во 2020 година и на 16 место во 2021 година.

Во 2021 година, вкупната билатерална трговија е со раст од 26,7%, извозот е зголемен за 78,7%, а увозот за 1,1% во однос на 2020 година.

Министерот Бектеши истакна дека Република  Северна Македонија и  Чешката Република бележат позитивен равој во меѓусебните економски односи што може да се констатира меѓудругото и преку зголемувањето на трговската размена во изминатите неколку години.

Двете страни покажуваат силна заинтересираност за натамошно унапредување на економските и трговските односи, во рамки на одржаните седници на Мешовитиот комитет согласно билатералниот Договор за економска и индустриска соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Чешката Република.

Министерот Бектеши и амбасадорот Лудва се согласија да продолжи комуникацијата во насока на подобрување на економските релации и изнаоѓање на најсоодветни решенија за економски развој на двете земји.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за економија

Прочитајте