Министерот за правда д-р Тупанчески одржа работен состанок со директорката на Бирото за меѓународна борба против наркотици и сороведување на законите (ИНЛ) и со правниот советник во амбасадата на САД во земјава, Кол Радовиќ.
На состанокот беше дискутирано за досегашната и идната соработка во областа на правосудството, како и за следните приоритети на Министерството за правда за градење на транспарентен, ефикасен и професионален судски систем.
Министерот Тупанчески се заблагодари за американската поддршка во спроведувањето судските реформи и за подобрување на владеењето на правото, особено преку проектите поддржани од ИНР.
Во таа насока министерот ја издвои поддршка и отворена соработка и помош на затворскиот систем, на судовите и Судско – медиумскиот совет, како и поддршката што ја добиваме во процесот на дигитализација, преку обезбедување на експерти за оценка на потребите од ИТ технологија за сите судови и судници во рамки на дигитализацијата на судовите.
На средбата беше разговарано за новата Стратегија за реформа на правосудниот сектор ( 2023-2027 ), за борбата против корупцијата, кој ќе биде еден од приоритетите во работата на Министерството за правда, како и за европскиот пат на Северна Македонија.
Тимот од амбасадата на САД ја поздрави досегашната соработка со Министерството за правда и констатираа дека експертската и финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ),продолжува за имплементација на клучните реформи во правосудниот сектор.
Извор: Министерство за правда