spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Владеењето на правото и спроведувањето демократски принципи клучни на реформскиот пат

МП: Владеењето на правото и спроведувањето демократски принципи клучни на реформскиот пат

Министерот за правда Никола Тупанчески оствари средба со амбасадорот на Франција Н.Е. Сирил Бомгартнер, на која разговараа за соработката меѓу двете земји во областа на правосудството, за напредокот во спроведувањето на реформската агенда, како и за приоритетите на Министерството за правда опфатени со новата Стратегија за реформа во правосудниот сектор 2023-2027.

Министерот Тупанчески го честита претседавање на Франција со Советот на ЕУ нагласувајќи ја европската определба на Северна Македонија и очекувањата дека ќе се потврди посветеноста на Франција за проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан, што е голема важност за европските перспективи за земјите од регионот.

На средбата министерот ја потенцираше круцијалната улога на Министерството за правда во спроведувањето на реформите од поглавјето 23 во пристапните преговори со Европската Унија, укажувајќи дека неопходно е спроведувањето на демократските принципи и владеењето на правото на реформскиот пат и дека судските реформи од една страна мора да обезбедат независност и непристрасност на судството, но од друга страна и негова одговорност.

Тема на разговор беа и приоритетите на Министерството за правда во следниот период со фокус на законодавната агенда и новите законски решенија на кои се работи во моментот, потенцирајќи го годишниот Извештај на Европската комисија како водилка во овој процес, особено во спроведувањето на препораките во Поглавјето 23 „Правосудство и фундаментални права“.

Амбасадорот Бомгартнер ја поздрави нашата европска определба и посветеноста во реализацијата на Акцискиот план од Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 за поглавјето 23, како и зајакнувањето на независноста на судството и ја изрази својата отвореност за давање стручна поддршка и продлабочување на соработката.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за правда 

Прочитајте

МОН: Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

0
Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност: (Slovak National Mobility Programme). Повикот...