spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Вториот план во Северна Македонија за распределба на земјоделско земјиште со...

МЗШВ: Вториот план во Северна Македонија за распределба на земјоделско земјиште со промена на границите усвоен во село Дабјани

Собранието на учесници во консолидација на земјоделско земјиште од село Дабјани (Општина Долнени) со мнозинство гласови од сопствениците го усвои Планот за распределба на земјоделското земјиште – со што Дабјани стана вториот проект за консолидација на земјоделско земјиште во државата по принципот на распределба со промена на границите. Ова е уште едно клучно достигнување во рамки на проектот финансиран од Европската унија – МАИНЛАНД, кој е ко-финансиран  од Организацијата за храна и земјоделство при Обединети нации (ФАО) и се спроведува во тесна соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Дабјани е најголемото активно консолидационо подрачје во Северна Македонија. Станува збор за 742 хектари (ха) земјоделско земјиште, во сопственост на 85 приватни сопственици на земјиште (435 ха) и на државата (307 ха). Во процесот на прераспределба на земјиштето поддржан од проектот МАИНЛАНД, бројот на земјишни парцели во Дабјани е намален за речиси пет пати – од 602 на 127 парцели. Новоформираните парцели се со правилна форма, со просечна големина од 5,84 ха, споредено со само 1,23 ха пред консолидацијата на земјиштето и како такви овозможуваат поефикасни земјоделски практики.

 

Консолидацијата на земјиштето донесе дополнителни придобивки за руралното население во Дабјани. Многу земјишни парцели во консолидационата област, кои беа вратени на приватни сопственици во процесот на денационализација, беа лоцирани, или во средина на блокови државно земјоделско земјиште, или вратени како парцели во со-сопственост со државата. Во рамки на процесот на консолидација на земјиштето поддржан од МАИНЛАНД, и приватните сопственици на земјиште во Дабјани и државата, успеаја да ги решат долгогодишните проблеми од комплицираната состојба со земјишните права, што негативно влијаеше на ефикасното искористување на земјоделското земјиште во целата област.

Таков е случајот со Мирјана Капкоска-Ангелеска, земјоделка од село Дабјани. Со враќањето на национализираното земјоделско земјиште, таа од дедо ѝ наследила земјоделско земјиште, кое со години било напуштено, бидејќи било расцепкано на дури 63 ситни парцели, расфрлани низ полето и речиси невозможни за обработка. Благодарение на проектот МАИНЛАНД, сите нејзини парцели сега се консолидирани во само една парцела со големина од осум (8) хектари и со правилна форма. Таа ќе има еден имотен лист и конечно ќе може да почне да ја користи својата земја за земјоделско производство.

По усвојувањето на Планот за распределба на земјиштето за Дабјани, процесот на регистрација на ново-формираните земјишни парцели во Катастарот на недвижности ќе започне во периодот февруари-март 2022 година, заедно со обележување на ново-формираните парцели на терен. Последниот чекор во процесот на консолидација на земјиштето во Дабјани – подобрувања на земјоделската инфраструктура, вклучувајќи рехабилитација на постојните и изградба на нови пристапни патишта во консолидационата област, се очекува да биде финализиран во 2022 година, со финансиска поддршка од Европската Унија.

За проектот:

Проектот “Воведување на Национална Програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД) e финансиран од Европската Унија и ко-финансиран од Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО). Проектот го имплементира ФАО за да го поддржи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во спроведување на Националната стратегија за консолидација на земјиште. Буџетот на проектот изнесува 2.86 милиони евра (финансиран од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (2.5 милиони евра) и придонес на ФАО (0.36 милиони евра).  Истиот се спроведува во времетраење од 68 месеци, почнувајќи од март 2017 до ноември 2022 година. Главната цел на проектот е да се реши проблемот со расцепканоста на земјоделското земјиште со цел да се зголеми конкуретноста на земјодлеското производство, да се подобрат условите за живот во руралните средини и да се обезбеди одржливо коритење на природни ресурси.

Веб страна на проектот: www.fao.org/in-action/mainstreaming-national-land-consolidation-programme/mk/

 

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

МОН: Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

0
Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност: (Slovak National Mobility Programme). Повикот...