Ќе се реконструира кровната конструкција на дел од училиштето „Страшо Пинџур“ во Даме Груев, поточно на фискултурната сала.
Општина Ѓорче Петров прави максимални напори да обезбеди соодветни услови за квалитетно образование на нашите најмлади жители.
По тој повод, потпишан беше Меморандум за соработка меѓу Македонскиот центар за граѓанско образовование, проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, општина Ѓорче Петров и ООУ „Страшо Пинџур“.
Во рамки на реализација на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (компонента 3), локалната заедница за овој проект партиципира со средства од минимум 25 отсто, а вкупната инвестиција чини 1.200.000 денари.
Извор: Општина Ѓорче Петров