spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Се спроведува Локалниот акциски план за вработување на Ромки

Ѓорче Петров: Се спроведува Локалниот акциски план за вработување на Ромки

Општина Ѓорче Петров во соработка со ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување почна со реализација на активностите од Локалниот акциски план за вработување на жени Ромки.

Министерството за локална самоуправа во насока на имплементација на Стратегија за Ромите подржа имплементација на проекти во 14 општини од која и општина Ѓорче Петров, со одлука за проектот ,, Вработување на жени Ромки’’- Министерството ќе и исплати на општината паричен износ од 152.754 ден за подобрување на состојбата на Ромите во Република Северна Македонија.

Општина Ѓорче Петров изготви Локален акциски план за активирање во период од 1 година. Целта на овој акциски план е поттикување и зголемување на учеството на жените Ромки на пазарот на трудот и отварање на нови можности за нивно вработување.

Општината за таа цел го ангажираше лицето О.Г. на определено време, се со цел да се реализираат активностите на Локалниот акциски план за вработување жени Ромки.

Локалниот акциски план во себе содржи активности кои се насочени кон информирање на ромското население за мерките и услугите за вработување во рамки на Националниот оперативен план за вработување, работилници за мотивирање и регистрирање невработени лица во агенцијата за вработување, воспоставување нлинк меѓу бизнис секторот на територијата на општината и населението преку директен контакт со заедницата со пособен фокус на Ромите.

Крајната цел на активностите е одржливост, институционализација и континуирано вработување на жените Ромки во јавни установи на територија на општина Ѓорче Петров.

 

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...