spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: 78 години од смртта на Кузман Јосифовски Питу

Карпош: 78 години од смртта на Кузман Јосифовски Питу

Тричлена делегација од Општина Карпош предводена од Секретарот Неделчо Крстевски и советничките Благица Цветановска и Татјана Стојановска, денеска му оддаде почит на народниот херој Кузман Јосифоски – Питу, положувајќи свежо цвеќе пред неговиот споменик, кој се наоѓа во населбата Козле.

Кузман Јосифоски – Питу е еден од главните организатори на антифашистичкото движење и на НОБ во Македонија. При обидот да го напушти Скопје, Кузман загинува во престрелка со бугарски војник на 25. февруари 1944 година. Тој е прогласен за Народен херој на Југославија, на 2. август 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа високо одликување.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте