spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алити дел од Министерскиот вебинар во организација на СИГМА

МИОА: Министерот Алити дел од Министерскиот вебинар во организација на СИГМА

,,Продолжуваме со поинтензивно спроведување на реформските процеси“, рече министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, учествувајќи на онлајн панел дискусија во рамки на министерската конференција на СИГМА под наслов: ,,Добра јавна администрација за подобар живот во Западен Балкан“.

Министерот посочи дека извештајот од мониторингот на СИГМА за Република Северна Македонија за 2021 година доаѓа во вистинско време и затоа мора посветено да работиме на реформите, во насока на усогласување со стандардите на ЕУ.

 

,,Професионализацијата и модернизацијата на јавната администрација е постојано актуелна и се гледа како основа на целиот јавен сектор од кој зависат процесите и развојот во секое демократско општество. Свесни сме за важноста на РЈА, која според новата методологија за пристапни преговори, за прв пат е конкретно дефинирана како област опфатена со процесот и е дел од првиот Кластер-Основи, што е од суштинско значење за динамиката на преговорите како целина“, рече министерот Алити.

Министерот ја истакна силната заложба за засилување на активностите со цел подобрување на правната рамка за администрацијата и професионализација на високите раководни структури, односно за воспоставување на вредности и меритократија, како и јасни линии на одговорност и елиминирање на преклопувањето на надлежностите.

Според министерот Алити, континуирано се работи и на зајакнување на капацитетите на човечките ресурси, не само во МИОА како водечка институција во процесот на РЈА, туку и во други клучни институции, како и на модернизација и надградба на системот HRMIS, за зголемување на квалитетот на управувањето со човечките ресурси, подобрување на работната ефикасност и зголемување на транспарентноста.

Притоа потенцираше дека се работи на детална анализа на препораките од извештајот на СИГМА, кои ќе бидат земени предвид при идните реформски активности.

„Нашиот фокус постојано е да работиме на модерна и ефикасна дигитална администрација базирана на дигитализација која обезбедува квалитетни и брзи услуги за граѓаните и бизнисите. Во таа насока, Владата ја потврдува силната политичка посветеност на процесот на реформа на јавната администрација преку континуирано спроведување и следење на мерките и активностите предвидени во Стратегијата за РЈА 2018 – 2022 година и Акцискиот план. Исто така, во наредниот период МИОА ќе започне со изработка на новата Стратегија за РЈА со Акциски план (2023-2027), со поддршка на СИГМА“, рече министерот Алити.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте