Општина Петровец изврши целосна реконструкција на пензионерскиот дом во населено место Огњанци.
По тој повод на покана на претседателот на здружението на пензионери од Огњанци Живорад Трајковиќ, градоначалникот Борче Митевски присуствуваше на средбата со пензионерите.
На оваа мала свеченост присуствуваше и претседателот на здружението на пензионерите на Општина Гази Баба г-дин Ѓорѓе Андонов.
Градоначалникот Митевски на пензионерите им поклони реквизити за забава (шаховски табли и лопатки за пинг-понг) каде пензионерите секојдневно ќе имаат можност меѓусебно да се забавуваат и дружат.
Општина Петровец секогаш се грижела како за најмладите така и за највозрасните жители на општината – пензионерите.
Извор: Општина Петровец