Електрична енергија, природен гас, јаглен и нафтени продукти, декември 2021 година
Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2021 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 852 895 МWh електрична енергија, 50.704 мил. нм3 природен гас, 481 802 тони јаглен и 106 882 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 69.7 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 98.0 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Извор: Државен завод за статистика