spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Oсмани и Селаковиќ на локацијата на ГП Лојане – Миратовац

МНР: Oсмани и Селаковиќ на локацијата на ГП Лојане – Миратовац

Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Србија, Бујар Османи и Никола Селаковиќ, во рамките на активности  остварија посета на локацијата каде што е предвидено да се постави нов заедничкиот граничен премин меѓу двете земји Лојане Миратовац.
Овој проект кој има значајни придобивки за граѓаните од овој регион кој ќе го олесни движењето, комуникацијата и регионалниот развој на овој дел од двете страни на границата.
Овој граничен премин ќе го скрати патувањето на жителите од околните места кои и покрај територијалната близина, актуелно се принудени да патуваат десетици километри до постоечките гранични премини за да стигнат до своите роднини од другата страна на границата.
Договорот за граничниот премин Лојане Миратовац беше потпишан во декември 2019 година, а претстои усогласување на Протоколот за начинот на спроведување на граничните контроли на заедничкиот граничен премин, за што потоа ќе се превземат и кокретни активности за отворање на овој граничен премин.
Двајцата министри изразија подготвеност за интензивирање на активностите со цел што побрза реализација на овој значаен проект кој исто така го одразува духот на иницијативата Отворен Балкан за олеснета комуникација на народите.

Прочитајте

МЗ: Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита

0
Информираме дека Министерството за здравство, денеска почнува национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита“. Кампањата се спроведува со поддршка од СЗО,...