Министерот за здравство, Беким Сали оствари средба со директорот на Клиничката болница Тетово, Амир Елези, директорот на ФЗО, Фатон Ахмети и со економскиот директор на КБ Тетово, Арменд Фазлиу.
Тема на оваа средба беше состојбата на Клиничката болница и изнаоѓање можности за просторно проширување, за санирање и зајакнување на капацитетот на објектот, како и за проширување на медицинскиот тим за задоволување на здравствените потреби на населението од овој регион.
-Тетово и воопшто полошкиот регион заслужуваат достоинствена Клиничка болница, што ги исполнува сите современи здравствени стандарди, истакна во ова прилика министерот Сали.
Извор: Министерство за здравство