spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Бизнис конференција, ДУБАИ ЕКСПО 2020 – Државата нуди отворени можности и...

МЖСПП: Бизнис конференција, ДУБАИ ЕКСПО 2020 – Државата нуди отворени можности и цврсти и чесни јавно-приватни партнерски односи што се добра основа за инвестирање

Во рамки на посетата на Дубаи се одржа бизнис конференција на која на првиот панел свои обраќања имаа вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, директорите на Фондот за иновации и технолошки развој и на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот, Фестим Халили и Љупчо Јаневски, кои секој во својот дел извршија презентација на можностите за инвестирање и водење на бизнис во нашата држава.

Вицепремиерот Битиќи ја отвори бизнис конференцијата со порака дека Владата во бизнис секторот и во инвеститорите гледа партнери за поддршка на развојот на економијатаи дека во изминатите неколку години се изградени цврсти и чесни јавно-приватни партнерски односи кои носат резултати.

„Развој заснован на заштита на животната средина секако е високо на развојаната агенда. Планираме инвестирање во развој на енергетскиот сектор, но усогласeн со европската зелена агенда и насочен кон користење на обновливи извори на енергија, соларна, ветерна енергија и исфрлање на јагленот од употреба. Со зголемувањето на површината на заштитените подрачја од 9 % на над 13 % отворивме нови можности за развој на екотуризмот и зголемување на бројот на зелените работни места“, истакна Нуредини.

Во вториот дел од Бизнис конференцијата, пред присутните бизнисмени од Обединетите Арапски Емирати и од другите земји кои изложуваат на Експо Дубаи 2020, презентација на своето работење имаа и претставниците на четирите најголеми стопански комори во РСМ.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Кои се работните позиции во Администрацијата и колкава нето плата им...

0
За сите вработени во администрацијата и целата јавност – Javnaadministracija.mk ги објавува работните позиции согласно систематизацијата на работни места во јавната администрација на Северна Македонија. Дополнително, за секоја...