Екипите на ЈП Улици и патишта викендов работеа на изградба на вело и пешачка патека на Бул.Србија, во насока од бул. Февруарски Поход кон бул.АСНОМ, како и продолжување на пешачка патека на бул. Видое Смилевски Бато од страна на бул. Февруарски поход, кон бул.Србија.
На бул. Србија се вршат подготвителни активности за вело и пешачка патека, односно машински ископ на земјен материјал, со планирање на подлога и поставување на тампон слој.
На бул. Видое Смилевски Бато продолжи изградбата на пешачката патека од страна на бул. Февруарски Поход кон бул. Србија, каде што екипите на ЈП Улици и патишта викендов завршија поголем дел од површината на патеката.
Во текот на наредните денови ќе се продолжи со работа на пешачките патеки во неколку фази, при што Градот Скопје во изградбата на пешачките и вело патеките внимава да се запази средишното зеленило во овој предел, на кое во идниот период ќе работи ЈП Паркови и зеленило, при што средишниот и страничниот дел од овие булевари ќе бидат уредени со нови зелени површини и со нови садници.
Извор: Град Скопје