По налог на Град Скопје екипите на ЈП „Улици и патишта“, ја обновија сообраќајната сигнализација на улицата Јордан Мијалков.
На улицата освен што е обновена хоризонталната сигнализација, поставена е нова вертикална сигнализација, како и заштитни столпчиња на тротоарите за да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Со обновувањето на сообраќајната сигнализација и поставените столпчиња се става крај на непрописното паркирање возила на дел од улицата и се овозможува непречено движење за пешаците.
Извор: Град Скопје