spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИнформација за возачите и работниците кои се заглавени во Украина

Информација за возачите и работниците кои се заглавени во Украина

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски оствари разговор со Вицепремиерот Бојан Маричиќ за состојбата со македонските работници во Украина кои се заглавени поради воените дејствија и истите се соочуваат со потешкотии да ја напуштат земјата на безбедно.

Со посредство на Вицепремиерот Маричиќ, Претседателот на Синдикатот на работниците од сообраќајот и врските при ССМ, Миќо Стојановски денеска направи контакт до Амбасадорот на РСМ во Романија, Габриел Атанасов со кој е и повлечениот Македонски Амбасадор од Украина и каде што се координираат активностите за извлекување на македонските граѓани од воените подрачја.

Ги информираше дека повеќе од 100 возачи од македонски превозници, како и многу други работници и граѓани се заглавени во подрачјата каде што има воени дејствија и дека е потребна итна активност за нивно извлекување на безбедно во некоја од соседните земји.

Укажуваме дека сите возачи, работници и граѓани на Македонија дека за информации за начинот на обезбедување на безбедни коридори за нивна евакуација од Украина можат да се обратат на телефонските броеви во Амбасадата во Романија Тел: ++ 40 21 210 0880 како и лично на Амбасадорот Габриел Атанасов +40721323995 .

https://bucharest.mfa.gov.mk/mk

 

 

 

 

Извор:  Сојуз на синдикати на Македонија 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...