spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Ги поттикнуваме компаниите да се вклучат во дуалното образование, така им...

МОН: Ги поттикнуваме компаниите да се вклучат во дуалното образование, така им помагаат на младите и учествуваат во создавањето квалификуван кадар

Kомпаниите се соочуваат со потешкотии да ги пополнат слободните работни места со квалификувана работна сила. Од друга страна, младите можат да се наметнат на пазарот на труд само доколку имаат квалитетно образование, во кое теоретските знаења се дополнети со практично искуство. Ова се појдовните точки на процесот на реформирање на стручното образование, што го иницираа Владата и Министерството за образование и наука, преку вклучување на засегнатите страни од приватниот сектор и локалните самоуправи. Дијалогот „Учи паметно, работи стручно“, во кој Министерството за образование и наука веќе втора година ги вклучува општините и бизнис заедницата, денеска продолжи во Гостивар. Заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу рече дека цел е отворање на стручни профили во средните училишта за кои ќе се утврди потреба во локалните заедници.

„Заеднички изнаоѓаме решенија како да ги привлечеме учениците од завршната година во основните училишта, своето образование да го продолжат во некое од средните стручни училишта во општината каде што живеат, а со самото тоа да им обезбедиме сигурни работни места. Дијалогот ни овозможува доближување на ставовите за иднината на учениците, и правилно насочување преку уписната политика за учебната 2022/2023 година“, нагласи заменик министерот Алиу.

Оваа учебна година беа отворени нови 97 дуални паралелки низ целата земја, во кои образованието го продолжија 1.400 учениците, што претставува огромен успех, ако се знае дека во минатото во државата функционираа само 11 дуални паралеки. Во  Гостивар функционира една паралелка за струката машински техничар.

„Бројот на дуалните паралелки треба да расте, и убеден сум дека тоа ќе се случи, затоа што оваа година анкетата меѓу компаниите покажа дека тие се заинтересирани во погоолем број да уѕчествуваат во процесот на практична обука на учениците во реална производствена средина. Од 400 анкетирани компании, над 90 отсто изразиле подготвеност за вклучување во дуалното образование“, потсети заменик министерот.

Градоначалникот Арбен Таравари пoтврди дека во Гостивар има зголемен интерес за дуалното образование и очекува вклучување на нови училишта и компании. Рече дека ова е убава идеја, а практичната работа не значи дека учениците само прусуствуваат во производствениот процес туку помагаат во работењето и истовремено учат.

Наташа Јаневска од Стопанската комора на Република Северна Македонија укажа дека оваа иницијатива треба да продолжи затоа што само со успешна уписна политика за креирање кадар што е потребен на компаниите може да имаме економски развој.

Покрај тоа што добиваат образование кое им ги зголемува шансите за брзо вработување, учениците кои ќе одберат средно стручно училиште добиваат и стипендии од МОН, кои за запишаните во дуални паралелки се во висина од 3.500 денари, средства кои им се добредојдени додека учат.

Дијалогот „Учи паметно, работи стручно“ се реализира со поддршка на Амбасадата на Швајцарија и Платформата за јавен-приватен дијалог, во која се артикулирани интересите на четирите најголеми стопански комори.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МОН: Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

0
Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност: (Slovak National Mobility Programme). Повикот...