spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Образованието е клучно за воспитување генерации кои се гласни против корупцијата

МОН: Образованието е клучно за воспитување генерации кои се гласни против корупцијата

Кодош, лажго, доушник, предавник, тужибаба се некои од погрдните имиња за лицата кои ќе се осмелат да пријават корупција во работна средина.

 Регионалната антикорупциска инивијатива, во рамки на проектот „Прекинување на тишината: Унапредување на политиките и културата на укажување на земјите од Западен Балкан и Молдавија“, финансиран од Европската Унија, направи социјален експеримент со цел да ја подигне јавната свест, особено кај младите, за важноста на укажувањето во борбата против корупцијата.

Во Видеото за социјалниот експеримент „Свирче за храбрите“, шест млади лица се поканети на лажен кастинг за телевизиска реклама. Тие стануваат жртви на бескрупулозниот режисер и имаат јасен избор: да проговорат за погрешното однесување или да премолчат. Притоа тие сознаваат какво е чувството да се биде укажувач, што е движечката сила за укажувачот и со кои предизвицисе соочува укажувачот.

Министерството за образование и наука соработува со Регионалната антикорупциска иницијатива и активно придонесува во унапредување на заштитата на укажувачите и подигнување на свеста кај граѓаните за пријавување корупција. Образованието е клучен столб во градењето на општество кое се темели на граѓанските вредности и интегритет на личноста. Со реформата на основното образование се поставуваат темелите за долгорочно воспитување на генерации кои ќе се спротивставуваат на корупцијата.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте