spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиЗаедно со ПСО на средба со пратениците од СДСМ, ЛДП и Алтернатива

Заедно со ПСО на средба со пратениците од СДСМ, ЛДП и Алтернатива

На барање на Прогресивниот синдикат на образованието – ПСО при ССМ се одржа средба во Собранието на РС Македонија помеѓу раководството на ПСО предводено од Влатко Секуловски, Владо Димовски, Фитим Аџами и Јован Шапе, Претседателот на ССМ Дарко Димовски со Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, а на состанокот покрај претседателката на собраниската Комисија за образование, наука и спорт, Жаклина Лазаревска како и други пратеници од СДСМ и Коалицијата, присуствуваа и пратеникот од ЛДП Боби Мојсоски и Хусни Исмаили од Алтернатива.

 

На средбата се разговараше за потребата што е можно побрзо пратениците да го усвојат Предлог – законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование.

„Во однос на Предлог законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование даваме силна поддршка на овој закон, кој обезбедува социјална и сигурна иднина за најмалку 4.700 просветните работници. Недозволиво е да се блокира закон кој значи регулирање на работниот однос на неопределено време на луѓе кои и по 20 години работат на определено време како и зголемувањето на платите на овие работници

Главна заложба на ССМ во изминатиот период е Договорите за вработување да бидат на неопределно време за сите работници без оглед на тоа работникот на кој сектор припаѓа, а ова важно прашање да почне да се регулира за почеток на наставници и стручни соработници во основното и средното образование “, нагласи Димовски.

Законот за наставници и стручни соработници е добар, дека не станува збор само за зголемувањето на платата, сегашната верзија на Законот за наставници и стручни соработници значи и сигурност на работните места за над 4700 наши колеги.

Наставниците коишто немаат решен работен статус се лесна мета за партиските каравани, што го руши достоинството на професијата. Тоа мора да престане. – истакна Владо Димовски од ПСО.

„Ова законско решение, меѓудругото, предвидува две значајни придобивки за просветните работници а тоа е усогласување на вредноста на бодот со минималната плата, што значи повисоки плати. Од друга страна обезбедува трансформација на работниот однос за над 4700 настанвици и стручни соработници на неопределено време. Во тој контекст недозволиво е опозицијата со беспредметни процедурални забелешки и спротивно на Деловникот на Собранието да ја блокира постапката за донесување на овој закон“, оцени Митревски.

Прогресивниот синдикат ќе достави анализа кои одредени аномалии на предложениот Закон треба да се корегиираат на второ читање на Законот преку амандмани.

 

 

 

 

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија 

Прочитајте