По пауза поради тешките временски услови, продолжи реализацијата на проектот за замена на вентили за воздух и вода во водоводниот систем од с Росок до главниот резервоар на градот.
Инаку овој проект предвидува замена на вкупно 64 вентили бидејќи се амортизирани. Проектот е финансиран од буџетот на општина Дебар а реализацијата ја врши СМС гроуп од Скопје.
Извор: Општина Дебар