spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: СООПШТЕНИЕ за остварената работна средба на Државната комисија за спречување на...

ДКСК: СООПШТЕНИЕ за остварената работна средба на Државната комисија за спречување на корупцијата со Управата за финансиска полиција

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на 17.02.2022 година, преку ZOOM комуникациската платформа, одржа работна средба со Управата за финансиска полиција.
На почетокот на средбата директорот на Управата за финансиска полиција г-дин Арафат Муареми го искажа задоволството од досегашната соработка со ДКСК, при тоа изразувајќи надеж за интензивирање на истата во насока на зголемување на ефикасноста во спроведување на законските надлежности на двете институции и поефикасна борба со корупцијата.

Од страна на Државната комисија за спречување на корупција, исто така, беше искажано задоволството од досегашната соработка при што беше нагласена потребата од натамошна соработка во постапувањето по конкретни предмети, но со утврден начин и динамика за одвивање на истата.
На средбата се констатира дека заедничка цел на двете институции претставува спречување и борба со корупцијата при што беше искажана потребата и подготвеноста за потесна соработка на двете институции во иднина.

Во функција на остварување поинтензивна соработка беше договорено да се одржуваат периодични работни состаноци со цел да се дискутира за прашања од заеднички интерес како и меѓусебно да се информираат институциите за текот на постапувањето по конкретни предмети.
Директорот Муареми информираше за планот за организирање на интрени обуки во рамки на Управата за финансиска полиција кои ќе се спроведуваат од страна на поискусните вработени на различни теми од областа на надлежностите на Управата и при тоа беше договорено на истите да земат учество и вработени во ДКСК, за теми за кои ќе се покаже интерес од страна на ДКСК.

Исто така, на оваа средба, вработени во Управата за финансиска полиција информираа за постапувањето на Управата по предметите иницирани по барање на ДКСК.

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....